Радио Милева судбината зема - судбината дава

„Би можел да останам нормален“: Игор Џамбазов објави тендер за продажба на тоа што му остана (фото)

„Би можел да останам нормален“: Игор Џамбазов објави тендер за продажба на тоа што му остана (фото)

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов откако минатата го изгуби родителот, својот татко, маестро Александар Џамбазов, оваа година остана половината што остана дома, додека онаа понежната, замина во туѓина и духовно и физички,  одлучи да се преиспита што би можело уште да очекува.

Дефинитивниот крајот на нештата никогаш не завршува па, овој пат Џамбазов оригинален како и секогаш одлучи да погледне што може да донесе утрешниот ден, што му остана, а што изгуби.

Судбината беше повод да размисли што го очекува македонскиот мултиталент и што да очекува во наредната година. А како поинаку освен ако не ја сврти на шега и погледне од позитивната страна бидејќи сѐ има свој опозит.

Игор Џамбазов претпостави дека единствено нешто што му останува после сѐ е да остане нормален, „а многу е лесно да биде вистина“ бидејќи ги искористи и се инспирираше од стиховите на славниот Џони Кеш кој пее „ Се наоѓам себеси сам кога секој ден е завршен“ во “I Walk The Line” песната која ја објави заедно со неговиот статус на социјалната мрежа Инстаграм.

„Лани останав сирак, оваа година останав ерген, наредната би можел да останам нормален“ – беа неговите зборови.

Како резултат на тагата која го снајде и која нималку не е лесна, надежта кон нормално утро остана негова духовна храна која на шега или на вистина само така би можело да се остане нормален во целата ситуација.

И додека сите сериозно и емотивно пристапија кон неговата најнова објава и му напишаа дека тој е силен и може сѐ да издржи еден од неговите следбеници на шега му напиша дека тоа значи сега повторно е на продажба. На што Игор слатко се изнасмеа и му одговори дека токму на тоа мислел!

„Еве тендер објавувам“ – напиша Џамбазов.

 

Фото:  Принтскрин/Инстаграм/ Игор Џамбазов

 

To top