Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ наскоро ќе добие уште едно внуче, а сега објави и видео од автомобилот со бремената снаа Богдана Ражнатовиќ.
Вељко и Богдана Ражнатовиќ наскоро ќе добијат втор син, кој решиле да го крстат Крстан.
Цеца, всушност, сега позираше со згодната снаа и ги воодушевија фановите на Инстаграм, поради што добија само комплименти.
Цеца и Богдана позираа насмеани во луксузен автомобил. Богдана блесна во бел фустан, а Цеца позираше целосно без шминка.
„Две убави жени“, „Цеца убава и без шминка“, „Богдана блеска“… се само дел од коментарите.
Инаку, Цеца Ражнатовиќ неодамна заедно со нејзината сестра Лидија приредија вистинска гала прослава за 18-тиот роденден на нејзината братучетка Хелена Оцокољиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тв Пинк