Македонската манекенка, мисица, модел, инфлуенсерка и пејачка или сето тоа во едно, Кристина Димитри очигледно умее да ја заинтигира јавноста и тогаш кога ништо не и се случува. Повеќе од јасно е дека тетовската убавица е трагач по возбуди, која не чека возбудата да и дојде, туку таа самата и оди во пресрет. Токму затоа не случајно секојдневно ја има… И на социјалните мрежи и во медиумите, а Бога ми и во ставата, бујните атрибути и неодоливиот сексапил кој во неа се скрил, лежи и чека да биде откриен.
Кога не е на некоја емисија или интервју и нема што ново да каже, расната убавица секогаш има што да покаже… „Хоум мејд“ фотографии кои ја „скокоткаат фантазијата“ или еротска профи фотосесија која ја “еруптира возбудата“, како во случајов со најновите разголени фотографии на атрактивната тетовка.
Овој пат „пиштол гола“, задскриена зад завесите од хотелската соба, со ангелски лик кој ќе ве стопи и разнежни и ѓаволски порочен поглед, кој ќе ве возбуди и наежи! Ангелот во неа ви ја буди љубопитноста (за) што ли тоа сонува Кристина, но ѓаволот веднаш ве враќа во реалноста будејќи ги копнежот и страста да дознете нешто мн0гу поопипливо, повозбудливо и попримамливо: Како ли изгледа овој „секси ангел од небесата“ кога би ја тргнале завесата?
Некои веднаш се пофалија дека одговорот го имаат од прва рака… Но, неееее… не е тоа на што веднаш помисливте. Блазе си им на оние кои во моментот на фотографирањето се нашле од другата страна на стаклото на прозорците на хотелската зграда, мислеа!
Сепак за да нема забуни, Кристина Димитри се погрижи на сите да им објасни за што се работи… Поточно да им покаже и оние одвнатре и оние однадвор што можеле, а што не да видат, додека го сликале „ангелот и ѓавол под исти крила“!
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry