Радио Милева свеж кеш

Новата „Кралица на бакшишот“: Инди Арадиновиќ пее, а околу главата круна од банкноти (фото)

Новата „Кралица на бакшишот“: Инди Арадиновиќ пее, а околу главата круна од банкноти (фото)

Инди Арадиновиќ ги „запали“  медиуми со видео од тепачка со нејзината сестра Едита Арадиновиќ, па со ненадеен развод по четири месеци брак, а сега објави слика која предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Имено, самата пејачка објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, а коментари пристигнаа од сите страни.

Инди држеше микрофон и пееше, а на главата и беа прикачени банкноти од различни валути.

Арадиновиќ објави и опис кој веднаш крена бура на социјалните мрежи:

– Џипси – напиша Инди во описот на фотографијата.

Веруваме дека пејачката одлично се забавувала, а и заработила, бидејќи е познато дека ромските веселби и свадби се добро платени.

Па се чини дека пејачката направила хаос на забава кај Ромите.

Индира Инди Арадиновиќ на мрежите откри дека и официјално се развела од бизнисменот од Данска, со кој се омажи пред само неколку месеци.

– Некако се опоравувам од сѐ… Не сум многу разочарана… Се сеќавате ли кога два дена по свадбата во интервјуто за „Премиер“ реков: „Па, ќе видиме дали господинот е во право…“, на прашањето дали го најдов вистинскиот господин. Мислам дека никогаш не сум добила побрз одговор…

Фото: Принтскрин/Инстгарам

To top