Внуката од сестра на Светлана Цеце Ражнатовиќ, Хелена Оцокољчиќ славеше полнолетство, а на прославата присуствуваа 150 луѓе. Гордата тетка и приреди изненадување на својата мила внука, така што на нејзиниот роденден го донесе младиот рапер Војаж да отпее неколку песни.
„За жал, Анастасија нема да биде со нас. Чека документи, тоа е причината што ја нема веќе подолго време, бидејќи не може да ја напушти државата. И јас би се вратила повторно и во Шпанија“ – изјави Цеца.
Специјалното изненадување од Цеца раперот Војаж пееше доведувајќи ја атмосферата до лудило, а младите, особено девојките „паднаа во транс“ кога видоа кој им доаѓа.
Хелена блескаше во црн фустан, а додека трубачите свиреа, таа беше опкружена со семејството, дувајќи свеќи на четиристепената торта украсена со цвеќиња.
Една од гостите на семејствата Оцокољиќ и Ражнатовиќ беше и пејачката Александра Младеновиќ, како и свештеникот на познатото семејство, кој е дел од сите нивни прослави.
Сепак главна беше тетка Цеца, која покажа како умее заводливо да танцува и на музика која не е од нејзината бранша.
Фолк дивата во танц само за вашите очи, зашто кога таа ниша колкови, погледот се кочи!
View this post on Instagram
Фот: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic