Милица Тодоровиќ (32) вели дека нејзината мајка Јасмина и таткото Милан ја тераат да роди дете, ама како кога таа нема со кого да забремени! Пејачката признава дека би сакала да стане мајка, но свесна е дека прво мора да си најде момче.
„Порано родителите не ме тераа да се мажам и да родам дете, но во последно време се како на на игли! Постојано ме прашуваат кога ќе станат баба и дедо. Многу би сакале да имаат внуче и ги разбирам затоа што тоа е нешто природно. Сепак, не може кога тие сакаат, бидејќи јас немам ни момче. Ама утре да се заљубам, веднаш ќе забременам. Би сакала да имам три деца, бидејќи многу ги сакам малите. Неодамна ме воодушеви едно убаво девојченце за време на снимањето на видеото за мојата нова песна. Кога ја гледав снимката со неа, ми дојдоа солзи. Едвај чекам да станам мајка, но тоа не го решавам јас, туку Бог“ – вели Милица.
„Не би издржал да бидам со некој кој е болно љубоморен. Немам ништо против љубомората во нормални дози, дури и здравата љубомора ми е прифатлива. Но, болната – не доаѓа предвид“ – категорична е пејачката која додава дека не и е важна професијата на нејзиниот иден партнер.
„Не ме интересира дали момчето со кое сум во врска е фудбалер или актер, туку дали ме почитува и разбира. Многу ми е важно тој да има нешто во главата, за да можеме да разговараме за се’. Едвај чекам да најдам некој таков, за конечно да основам семејство. Моментално никој не ми се допаѓа, заљубена сум во себе“ – ја завршува приказната Милица.
Инаку, Милица Тодоровиќ немала многу момчиња. Нејзина прва љубов беше колегата од „Ѕвездите на Гранд“ – Ненад Јовановиќ. Потоа се заљуби во братот на Саша Ковачевиќ, Раде, со кој беа заедно четири години. Потоа се фати со кореографот Милош Пауновиќ. По пет години љубов, парот раскина, а во 2019 година Милица стапи во врска со актерот Петер Стругар, со кого врската ја раскинаа по само пет месеци.
Фото: Инстаграм принтскрин/milicatodorovicofficial