Пејачката Мараја Кери и нејзиниот некогашен свршеник Џејмс Пакер ја раскинаа нивната свршувачка, а Мараја не сакаше да го врати прстенот вреден 10 милиони долари, па сега одлучи да го продаде.
Парот ја раскина веридбата и ја откажа свадбата во 2016 година, а отогаш траеше спорот околу вредниот накит, пренесува „People“.
Кога ја раскиналаа свршувачката Пакер сакаше престнот да му биде вратен. Меѓутоа, Мараја не сакаше да го врати, дури и го носеше на некои јавни случувања.
Како што пишуваат странските таблоиди, наводно таа го продала за 2,7 милиони долари, но инсистирала златарот да потпише договор за тајност.