Радио Милева искрена емоција

Нешто приватно: Еве што има Милена Антовска на позадината на мобилниот телефон (фото)

Нешто приватно: Еве што има Милена Антовска на позадината на мобилниот телефон (фото)

Наместо пролет, студеното време одлучи да се врати и да не остави само да мечтаеме по топлите денови. Пролет како вистинска пролет нема, надвор е повторно како да е зима. Па во ваквите студени и тмурни денови омилената ТВ водителка на утринска програма, атрактивната Милена Антовска- Станковска  реши да сподели по што мечтае и што се крие на позадината на нејзиниот мобилен телефон.

Водителката неодамна си даде пауза од работата и секојдневните рутини, па заедно со сопругот Гордан резервираа билети за Италија, дестинација која вреди да се посети во било кој период од годината. Но, очигледно веќе не треба да ги следиме годишните сезони туку веројатно она на што треба да внимаваме и да следиме е само временската прогноза.

Па така, со надеж дека ќе  уживаат во првите сончеви зраци Милена го спакува куферот со лесна пролетна гардероба и сподели  фотографии од нивната обиколка низ Рим.

Но, набрзо се’ се смени, па згодната водителка едноставно мораше да се снајде и да се справи со временската непогода откако времето се смени со брзина на светлината.

Но, здравје… Ова беше пролетно патување, па да се надеваме дека нема да биде така и во летниот период по кој Милена како и сите ние, мечтае уште од сега. Таа овој пат откри дека она што и недостига е токму морето и плажата.

„По позадината на телефонот се гледа колку ми се оди на одмор и колку сакам плажичка“ – напиша таа.

Останува да се надеваме дека мечтаењето ќе и се претвори во стварност и неа и сите нам кои сонуваме за плажичка ќе не послужат летните деови полни со топли сончеви зраци!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска

 

To top