Медисон Де Ла Гарсија се прослави како симпатичната и буцкаста Хуанита Солис во серијата „Очајни домаќинки“, а шест години од завршувањето на снимањата, таа повеќе не е девојчето какво го гледавме.
Потсетуваме, Медиусон во серијата од 2008 до 2012 година ја играше ќерката на Габриела Солис, за чиј лик беше Ева Лонгорија, а денес израсна во неверојатно шармантна млада дама.
Таа се уште се занимава со глума, а успеа да се проба и како сценарист, но приоритет и е образованието. Медисон неодамна на Инстаграм се пофали со своето издание за матурскиот танц.
Таа се одлучила за црн фустан со шлеп кој го комбинирала со моторџиски џизми.
Инаку, нејзина постара сестра е Деми Ловато и се поддршка една на друга.