Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ, која своите интимни фотографии ги продава на „Онли Фанс“, не престанува да шокира на Инстаграм.
Таа речиси секој ден објавува разголени фотографии на оваа социјална мрежа, а сега со најновата објава ги остави сите без зборови. Но овој пат не толку заради голотијата колку заради трансформацијата.
Имено, за потребите на снимањето на првоаприлското видео таа ставила црвена перика, не носи ни градник ни гаќички, а градите и другите делови од телото ги прекрила со ленти од провиден материјал.
Откако Милица Дабовиќ отвори профил на „Онли фанс“ каде наплаќа за интимни содржини, за неа се зборува речиси секој ден и се следи секој нејзин потег. Таа редовно објавува разголени фотографии на социјалните мрежи, а соседите ја критикуваат поради тоа.
Од друга страна, има и такви кои велат дека е прекрасна и љубезна и секогаш одговара, а дека јасно е дека нејзиниот син Стефан е центарот на нејзиниот свет и дека таа му е многу посветена.
„Ја гледам често, вообразено суштество. Не знае ни да одговори, да каже добро утро, само некаде брза. Мисли дека станала ѕвезда затоа што ја отворила таа гадост. Згодна е и убава, но тоа не и треба. Од гордост на Србија се сведе на телесна продажба. Големa срамoта!“ – вели еден нејзин сосед од зградата во која живее Милица.
Фото: Инстаграм принтскрин/stefanovamama13/ @firefly_photo_jar/@vladanmilisavljevic