Пејачката Наташа Беквалац со својот стајлинг за кој многумина коментираат е најпровокативен досега и многумина остави без зборови.
Имено, Наташа на настапот се појавила во костим кој повеќе открилвал отколку што покривал.
Бујната предница ја покри само со сина панделка, а долгите нозе ги истакна со лакирани црни чизми над колена.
Пејачката играла и се вртела во ритамот додека го пеела својот голем хит, дуетот со Раста „Из далеко“.
View this post on Instagram
Наташа важи за една од најубавите пејачки, а иако беше во брак три пати, на прашањето за четвртиот брак одговори вака:
– Она што можам да го гарантирам е дека нема да се мажам повеќе. Хана и Катја целосно ми го исполнија срцето, па јас сум потполно среќна. А што се однесува до вториот дел од прашањето, мислам дека ви дадов одговор – изјави претходно Наташа за Курир.
Фото: Принтскрин/Инстгарам