Хрватката Сузана Вајндорфер своевремно важеше за најдобрата европска двојничка на Памела Андерсон, а оваа 43 годишна дама потрошила околу 50 илјади евра на естетска хирургија.
Сузана сакала со операциите да личи што повеќе на познатата актерка, а во медиумите призна дека во животот добивала многу благодарение на изгледот.
Сега реши повеќе да не легнува под нож бидејќи повеќе нема што да поправа. Сепак, во еден момент во животот и се смачило да ја споредуваат со Памела.
-Ах, таа Памела! Цел живот ќе ја носам како печат на челото. Бројни врати ми се отворија поради тоа, а јас најмногу сакав да добијам прилика како водителка, во музиката или во актерските води. И тоа го пробав и работев, многу патував. И тогаш се заситив, сфатив дека тоа повеќе не е за мене. Не би можела секој викенд да настапувам по клубови, просто не ме исполнуваше, вели Сузана во интервју за „24 сата.хр“
Атрактивната Хрватка е мајка на две возрасни деца, а моментално живее во Австрија, каде е всушност родена.