Мегафон

„Градскиот дувачки оркстар“ на Скопје со традиционален концерт за 1-ви април

„Градскиот дувачки оркстар“ на Скопје со традиционален концерт за 1-ви април

Градскиот дувачки оркестар ќе одржи традиционален првоаприлски параден концерт по повод Светскиот ден на шегата, на кој ќе бидат изведени маршеви и детски композиции.

Концертот ќе се одржи во Градскиот парк, со почеток од 12 часот.

Оркестарот е формиран во март 2006 година, на иницијатива на Град Скопје и во него членуваат професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност. Од самиот почеток па сѐ до денес ГДО има настапувано на сите значајни културни манифестации во Скопје и низ другите градови во државата.

To top