Синот на раперот Фло Рајд (43), Зохар Адамс (6), паднал од прозорец на петтиот кат во станбен комплекс во Њу Џерси.
Тој во моментов е на интензивна нега со сериозни повреди, според Page Six. Мајката на момчето, Алексис Адамс, поднела тужба во понеделникот, опишувајќи ја несреќата на 4 март.
Таа навела и дека момчето е во болница и дека се здобило со фрактура на карлицата, фрактура на левата метатарзална коска, расекотина на црниот дроб од трет степен, внатрешно крварење и колабирано белодробно крило.
Таа поднела тужба против сопственикот и управителот на комплексот, како и против градежната компанија, фирмата што ги поставила прозорците и уште неколку други. Алексис тврди дека прозорците во зградата се опасни и предизвикале нејзиното дете со невролошко нарушување да падне на бетонскиот коловоз пред зградата.
View this post on Instagram
Инаку, на нејзиниот син му бил дијагностициран хидроцефалус, предизвикан од абнормална акумулација на течност во мозочните шуплини. Момчето е исто така аутистично.
– Како самохрана мајка на дете со посебни потреби, она што го чувствувам е ноќна мора. Моето срце е скршено на милион парчиња, изјави Алексис за News 12, додавајќи:
– Уништена сум, бесна и се мачам да се помирам со фактот дека моето единствено дете претрпе сериозни повреди поради намерното невнимание на нашиот сопственик и другите вклучени во непреземањето на потребните безбедносни мерки.
Мајката ќе бара исплата од обвинетите за сите медицински трошоци на Зохар, како и за адвокатските трошоци и отштета. Фло Рајд, чие вистинско име е Трамар Ласел Дилард, се уште не се изјаснил за ситуацијата, а како што тврди Алексис, тој не е вмешан во животот на својот син. Адамс и раперот не го делат старателството над нивниот син и таа го има целосно старателството над Зохар.
Таа исто така тврдела дека популарниот рапер со години избегнувал да му плаќа школарина и здравствено осигурување на детето.
-Синот го видел само еднаш, и тоа кога правел тест за татковство во декември 2016 година, но му бил свртил грб. Тие беа во иста просторија. Не сакаше ни да го прегрне. – изјавила еднаш за Дејли Мејл.
Инаку, раперот сепак се огласи на својата инстаграм приказна.
– Прекрасен ден, благодарам на сите кои ме контактираа и изразија загриженост за мојот син, како и на оние кои се молеа за него. Ја добива најдобрата медицинска нега и за чудо го преживува тешкиот пад. Ќе ве замолам да продолжите со молитвите за време на неговото закрепнување, но би сакал ова да остане приватна работа – напиша раперот со емотикон за молитва.
фото:LARRY MARANO / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA/Instagram