Пејачката Викторија Лоба преку социјалните мрежи се пофали за своите вештини кои ги има како домаќинка во домот.
Иако неколку години пред официјално да стане мажена жена, живееше заедно со својот Ѓорѓи, Лоба денес е веќе искусна во нивните заеднички семејни навики и ритуали.
Велат дека љубовта кај мажот доаѓа преку стомакот, па убавата пејачка со руско потекло, веројатно и во пракса често го применува ова, па со својата вештина во готвењето му го прави меракот на сопругот. Ама, нели најпрвин и пред се’ сме важни самите, па Викторија секојдневно си ги полни своите резерви со позитивна енергија преку готвењето.
-Го сакам готвењето зошто ми дава шанса да бидам креативна. Обожавам да се губам во ритуалите на сецкање, мешање и дегустација, напиша таа во описот на финалното дело.
Секој од нас има или може да најде начин како да ја канализира својата енергија, а Лоба многу добро знае што е најдоброто за себе и секако за свој мерак.
Претходно не баш често преку социјалните мрежи сме биле сведоци на кулнарските дела на пејачката, но овој пат преку приложеното се покажа дека искуството го има од неодамна.
На нејзиното мени беше медитерански ручек од салата со шери домати, а како главен оброк изборот бил на паста со ракчиња и кикирики.
Егзотично, свежо и сочно, за мерак! Вака „набилдана“ во кујната освен како модна инфлуенсерка, може да стане и блогерка за кулинарски рецепти за кои очигледно е врвен шеф.
фото:Инстаграм принтскрин/Викторија Лоба