Радио Милева пркосење на староста

„Генетика… мангуп“: Ниту на мама, ниту на тато, еве на кого личи Миа Костова (ФОТО)

„Генетика… мангуп“: Ниту на мама, ниту на тато, еве на кого личи Миа Костова (ФОТО)

Една од најпознатите и најследените инфлуенсерки во Македонија е популарната екс- водителка на естрадиот ТВ магазин „Бекстејџ“, Миа Костова.

Таа веќе со години е позната на јавноста, редовно ги информира нејзините следбеници за сите новитети преку нејзиниот Инстаграм профил, а овој пат го отвори стариот албум со фотографии и се потсети на минатото и младоста.

Најпрво, Миа од албумот издвои и покажа фотографија од нејзините родители, а потоа ги праша следбениците на кој родител повеќе личи: „На мама, на тато или на никој ?!“

Очигледно според оваа фотографија од нивната младост, не личи ниту на едниот ниту на другиот, арно ама,  „крвта не е вода“ и затоа Миа покажа  на кого навистина личи. Па, освен  родителите за прв пат го покажа и нејзиниот дедо.

„Извинете, ама генетика. Мангуп. Дедо ми Сретен.

Но, покажа и која е нејзината најголема љубов, а кога била мала личела токму на неа: „Не е тајна дека најголема љубов ми е баба Љубица. Уште не можам да прифатам дека ја нема. Кога бев мала, мислеа дека таа ме родила“.

Но, веќе кога се фати за албумот со стари фотографии издвои уште една од пред 20 и кусур години или поточно од матура.

„Пред 21 година…матура 2002, или се во служба на пркосење на старост, никако за менување личен опис“   –  напиша таа.

Миа покажа на кого личела, кој бил нејзиниот фаворит но и дека  убавината  ја има уште од мала, а фотографиите од тие денови се чист доказ дека ништо не е случајно без оглед на годините.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова

To top