Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пред два дена пристигна од Шпанија, каде престојуваше со малиот Жељко.
Таа ги наполни батериите за деловните обврски, а денеска се појави на снимањето на новата емисија „Ѕвездите на Гранд“, а сите погледи беа вперени во неа.
-Денес сум многу расположена – изјави Цеца додека со насмевка на лицето позираше за фоторепортерите.
Таа носеше јакна и панталони во боја на кајсија, а под сакото имаше само градник. Позитивните коментарите за нејзиниот изглед само се редеа, а сите се согласија дека на пејачката годините ништо не и можат.
Фото: Принтскрин/Александар Дојкич/Рингиер