Го играше принцот Мустафа во „Сулејман Величествениот“, а поради гласот, стасот и глумата освои многу срца кај нас и долго време беше еден од најпопуларните ликови на таа серија.
Мехмет Гунсур, кој го игра принцот Мустафа во серијата „Сулејман Величествениот“, е роден во Истанбул на 8 мај 1975 година. Пред да почне да глуми, работел како шанкер и модел.
Многу брзо го привлече вниманието на себе, како со својот изглед, така и со своите актерски способности.
Доби бројни актерски награди, меѓу другото наградата за најперспективен актер во 1998 година на Интернационалниот филмски фестивал во Анкара за неговата улога во филмот „Хамам“ и во 2003 година специјална награда од жирито на престижниот турски фестивал во Анталија за глума во филмот „За Симда Аскер“.
Тој е среќен оженет со италијанската режисерка Катерина Монџо, со која ги има синот Али и ќерката Маја.
На неговиот Инстаграм профил можете да видите дека наскоро ќе започне серија на Дизни+ наречена „Arayış“, па може да се каже дека светот ќе го запознае величествениот талент на овој актер.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм