Радио Милева како лавица

Весна Змијанац излезе од болница со три бајпаса: „Таа ги тешеше докторите, наместо тие да ја тешат неа“

Весна Змијанац излезе од болница со три бајпаса: „Таа ги тешеше докторите, наместо тие да ја тешат неа“

Пејачката Весна Змијанац извесно време мина во болница поради сериозни проблеми и операција на срцето.

Последните информации велат дека тоаа е во стабилна здравствена состојба, а закрепнувањето го продолжува во својот дом во Белград.

Според извор близок до фолк дивата, таа се чувствува добро и секој ден е се’ подобра.

„Весна има вградено три бајпаса. Ситуацијата не беше нималку наивна, како и прогнозите на лекарите, но таа уште еднаш докажа дека е посилна од се што може да и се случи“ – изјавил добро упатен извор и додал дека пејачката се борела како лавица, и дека таа исто така им помогна на другите пациенти во одделот за кардиохирургија да го кренат моралот и еланот за живот.

„Таа ги тешеше докторите наместо тие да ја тешат неа. Им рекла: „Што  е со вас, се’ ќе биде во ред“! Нема да се ослободите од мене така лесно, имам уште толку многу да направам во мојот живот“. Се шегуваше и со пациентите, па кога излезе од болница сите беа и среќни и тажни во исто време“ – открил изворот.

Пејачот Славко Бањац прв ја слушна по излегувањето од болничкиот кревет и среќната вест ја сподели со сите кои ја сакаат.

„Весна избегнува телефонски разговори и пораки, но контактирала со Бањац бидејќи цел живот се пријатели. Го контактирала за да го увери дека таа повторно е онаа старата“ – изјавил изворот.

Фото: Инстаграм принтскрин/vesna_zmijanac_official

To top