Старлетата Ана Кориќ се породи пред еден месец, а името на синот го криеше од јавноста.
Имено, Ана, која редовно споделува фотографии со својот наследник на Инстаграм, беше многу таинствена кога станува збор за името на нејзиното бебе.
Според локалните медиуми, миленикот на старлетата се вика Матео. Матео е име од хебрејско потекло кое има силно значење „дар од Бога“.
Да потсетиме, Ана Кориќ се породи пред еден месец и роди син. Ана од јавноста го крие идентитетот на својот партнер, но во неколку наврати на социјалните мрежи покажа дел од своето секојдневие.
Сепак, покрај семејната идила, сите го забележаа и луксузниот ентериер, а неизбежно е Ана да се потруди секој детаљ во домот да биде украсен со стил.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Приватна Архива