Теа Таировиќ каде и да се појави прави вистински бум, а многу често се наоѓа и среде скандал.
Често настапува во Србија и во странство, а многу се труди кариерата да ја подигне на повисоко ниво. Неодамна како бомба одекна веста за апсењето на пејачката, што таа остро го демантираше и рече дека често ги држи рацете зад грб и дека фотографиите кои се појавија во јавноста не се реални.
Пејачката важи „кралиците на бакшишот“, а поради честите настапи фановите беа загрижени за неа, па се огласија на Твитер.
„Теа Таировиќ имаше над 250 настапи во 2022 година, не знам како работи жената уште“, гласеше еден од твитовите, а потоа следеа коментарите.
tea tairovic u 2022. godini imala preko 250 nastupa ja nez kako ta zena jos uvijek funkcionise
— možda spava (@mozdanespava) March 19, 2023
Пејачката проговори за обврските и откри дека воопшто не и е лесно.
– Во големи подготовки сум, уморна сум, исцрпена. Подготвувам албум, концерт на Ташмајдан, а попатно работам. Се надевам дека сето тоа на крај ќе се исплати. Секогаш кога сум под голем притисок, подобро сум организирана. Ќе има се побрзи и побавни песни, како и траки по кои сум препознатлива – изјави неодамна Теа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теа Таировиќ