Првите пролетни денови Марија Шерифовиќ ги поминува во Дубаи, каде е топло во текот на целата година па, можете да пливате во Персискиот залив дури и во март. Плажите полни, водата претопла, сонцето гори… Како сред лето. Така барем „говорат“ фотографиите кои поп-ѕвездата ги објавува на Инстаграм.
Марија не е сама во Емиратите. Придружувана е од нејзината мајка Верица, пријатели и нејзината колешка Јована Пајиќ, поранешна сопруга на Салет Цветковиќ од „Тропико бенд“. Додека се возеле во гумениот брод, насмевката открива дека одлично се забавуваат. Иако носат елеци за спасување, бидејќи ништо не треба да се остави на случајноста, можеме да видиме како изгледа Марија во костим за капење. Можност што не се појавува често.
Поп ѕвездата ги потсети следбениците на Инстаграм дека таа и Верица неодамна биле „ограбени“ во Дубаи. Имено, во блогот таа објаснила дека еден продавач ги измамил кога сфатил дека се туристи, па им наплатил дури 125 евра за пакување кафе, неколку урми и синусни кристали.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес/Антонио Ахел