Мегафон тажна вест

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

На 78 годишна возраст почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист, a веста за неговата смрт ја објавија од Драмски театар.

-Си замина Мешко. 1945 – 2023 Вечна слава! Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12ч, пушува на Фејсбук страницата.

Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хиирику“ и многу други….

Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“).

Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.

фото:Фејсбук

To top