Кумановскиот рапер Драган Величковски – Тајзи е во љубовен полет.
Ако досега беше резервиран да открива детали од својот љубовен живот, сега нештата се променија, а промените дојдоа поради долгогата убавица Ангела Анчевска.
Атрактивната русокоса манекенка, модел и мисица e девојката која Тајзи ја држи за рака, а и таа него. Заљубени, возбудени и со пеперутки во стомакот, се решија на романтично патување по Медитеранот.
Почнаа од Хрватска, беа во Сплит, а потоа се упатија кон Милано. Својата љубовна авантура ја документираа на „стори“ на Инстаграм, а богами приложија доста.
Уживање во џакузи, па во апартман, добра храна и кафе… Целото тоа зачинето со многу љубов романтика и цвеќе.
Кога стигнаа до Венеција, како заљубени туристи, се качија на гондола. Прекрасни градби, канали и возење љубовен за спомен…
Овој италијански град е вистинско уживање за туристите, особено оние заљубените, баш како Тајзи и Ангела.
Фотографија од ваму и таму, фотографија од неа, па од него и секако оние најважните – заедничките.
На ваквите патувања најчесто следат изненадувањата со прстен за запросување, но засега во објавите на Тајзи и Ангелла се уште нема нешто такво на повидок.
Романтичното парување по Медитеранот се уште трае, а дали ќе има нешто повеќе од она досега, знае само Тајзи или пак ова ќе им биде генерална проба за меден месец?!
фото:Инстаграм принтскрин тајзи/Ангела Анчевска