Мегафон

Лила во паника во „Се или нешто“: Натпреварувач го помести од умот и банкарот!

Лила во паника во „Се или нешто“: Натпреварувач го помести од умот и банкарот!

Во изминатите шест сезони од квиз шоуто „Се или нешто“ на ТВ Сител имало доста возбудливи игри, но во седмата сезона се појави натпреварувачот Роберт кој со својата храбра игра не само што ја избезуми Лила, туку најмногу го распамети банкарот.

Имено, натпреварувачот Роберт кој работи како супервизор на обезбедување, кажа дека ова е само игра и до крајот се водеше по таа девиза која го донесе до понуда од 320 илјади денари, секако со милионот во игра – неговата кутија и на уште еден натпреварувач.

На ничие верување Роберт откако ја прифати понудата од 320 илјади денари, реши да игра со ризичната кутија со број 23 со која го преполови добиеното.

За неговиот потег сите останаа со подотворена уста, најмногу Лила и банкарот кои постојано беа во неизвесност.

Инаку, за малку Роберт не стана првиот милионер, а неговата кутија вредна 30 денари му ја продаде скапо на банкарот, иако сите веруваа дека милионот е кај него, интуицијатата сепак го донесе до одлична игра за која Лила кажа дека била највозбудливата досега.

To top