Сузана Манчиќ во 2005 година доживеа голем стрес кој и го одбележа животот и остави трага во нејзината кариера. Тогаш во јавноста се појави интимна снимка со нејзиниот партнер, а сега во една емисија се присети како ги живеела најтешките денови.
Имено, снимката на Сузана Манчиќ беше главна тема на сите медиуми.
– Сакам да го заборавам тој период од мојот живот, но не можам. Тоа е најстрашното нешто што ми се случило. Тоа е една мала смрт. После тоа, се беше за барање воздух и враќање во нормала. Не излегов на улица. Роднините ми носеа леб, децата не одеа на училиште. Сите мислеа, еве, таа ќе направи кариера. Тоа ми заби нож во грб. Поголемиот дел од камерите што ги имав во куќата ги фрлив – изјави Сузана Манчиќ во емисијата „Тет а тет“ и им даваше совети на младите девојки.
– Девојките се секогаш на мета. Затоа, внимавајте и никогаш не дозволувајте вашите интимни моменти да се снимаат. Никогаш не знаеш кој ќе го фати и ќе го искористи против тебе – рече Манчиќ.
Фото: Принтскрин/С.Стојановиќ/Д.Дервишагиќ