Сораја Вучелиќ дивеела по автопат со новиот „масерати“ од 270.000 евра. Сара, која се породи пред само еден месец, седнала во автомобилот што и го подарил нејзиното момче и возела 162 километри на час на пат каде границата е 130 км/ч. Работата да биде полоша, таа се снимала со голема брзина и клипот го објави на социјалните мрежи.
Овој потег на Сораја наиде на осуда во јавноста: „Страшно, вози како луда и сѐ уште го користи мобилниот телефон“, „Се надевам дека бебето не е со неа во кола“, „Колку треба да бидеш арогантен од нула до Сораја“, „Кој сѐ денес има дозвола, поради такви како неа, луѓе ги губат животите“, „Од тоа што паметниот се срами, будалата се гордее“…
Сепак, Вучелиќ одамна неги чита туѓите коментари. Очигледно не и е гајле што полицијата може да ја спречи и да и напише казна за брзо возење, ниту што и најмалата грешка може скапо да ја чини.
Дека Сораја само четири дена откако го роди синот Кан, „го живее животот во потполност“ говори и тоа што таа излегувала навечер, каде заедно со друштвото се забавувале и пиеле шампањ до раните утрински часови. А потоа луѓето од социјалните мрежи жестоко ја критикуваа: „Ова е мајка?! Срам да ти е!“, „Каде е твоето четиридневно дете додека се забавуваш?“, беа само дел од коментарите.
Фото: Принтскрин/Инстаграм