Радио Милева проблем на многу девојчиња

Ќерката на Карлеуша разочарана и тажна се обрати на јавноста: „Сите ме навредуваа“

Ќерката на Карлеуша разочарана и тажна се обрати на јавноста: „Сите ме навредуваа“

Помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника Тошиќ, е уникатна уште од мали нозе, а пејачката во неколку наврати потенцираше дека отсекогаш била заинтересирана за спортот и науката, како и дека не е претерано ентузијаст кога треба да се фотографира за весник.

Сепак, ситуацијата е нешто поинаква со социјалните мрежи, Ника е вистинска ѕвезда на Тик-Ток каде што редовно ја радува својата армија обожаватели со интересни видеа, а посебно внимание привлече едно видео со неа во главната улога, но не за толку добра причина.

Имено, Ника Тошиќ го сака фудбалот, што не е чудо ако се земе предвид колку е успешен татко и во тој спорт, меѓутоа, пред да реши да тренира во истиот спорт, се испробала и во одбојката, каде имала прилично лошо искуство.

Популарната мама своевремено на својот Инстаграм сподели за што се работи, а фактот дека тинејџерката се соочила со навреди на сметка на нејзиниот физички изглед и вишокот килограми што ја растажило.

– Сите ме навредуваа кога почнав да играм одбојка, бидејќи бев дебела. Требаше да ослабам. Ништо не им кажав, тагував… Реков „добро“, држев диета, ослабев 12 килограми. Така повторно се здебелив – искрено раскажала помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ во разговор со мајка си, која во таа прилика и го дала совет:

– Па нема да го кажеш тоа, дека си се здебелила – додала Карлеуша и открила дека нејзината ќерка ги надминала сите навреди, па среќна и задоволна продолжила по стапките на својот татко во тренирањето на фудбал.

фото:Инстаграм принтскрин

Поврзани теми

To top