Александар Тарабунов во своите песни пее за љубов, неговата најнова е насловена „Далечна“, но сепак само во песна, бидејќи реалноста е сосема спротивна.
Неговата сакана не била никогаш поблизу до него.
Тарабунов кој најчесто практикува да го крие љубовниот живот како змија нозете, сега се реши да покаже јавно која е девојката што му го освоила срцето. Имено, Тара и неговата девојка деновиве се на романтично патување во Италија, од каде тој сподели неколку заеднички моменти на својот Инстаграм.
За време на нивната љувовна авантура се погоди и роденденот на слатката долгокоса на која Тара и пееше среќен роденден.
Станува збор за девојката по име Калина Поленак чие име стои во ознаките од приказните на профилот на пејачот.
Возбуда, прегратки, туристичка љубопитност и многу моменти вредни за паметење.
Инаку, врската на Тара и Калина отпочна минатото лето кога тој за првпат покажа дека е емотивно исполнет.
Бидејќи веќе некое време и самиот ги создава своите песни и се потпишува како автор, веќе е појасно од каде е изворот на неговата инспирација.
фото:Инсатграм принтскрин/Александар Тарабунов