Радио Милева „Палавиот Ноле“

Врие на социјалните мрежи по реакциите на Ѓоковиќ за фотките на Северина (фото)

Врие на социјалните мрежи по реакциите на Ѓоковиќ за фотките на Северина (фото)

Северина редовно објавува интригантни фотографии на Инстаграм, но нејзината најнова серија фотки привлече посебно внимание. На Твитер кружи нејзина фотографија од плажа, која многумина забележаа дека му се допаднала на Новак Ѓоковиќ.

Станува збор за фотографијата на Северина од бајковитата плажа на Малдивите, каде е во костим за капење и маслинесто зелена наметка, додека седи на лулашка.

Фотографијата има речиси 23.000 лајкови, а една од нив е и оној на Ноле.

И, почна да брмчи чаршијата.

Некои се шегуваат дека Јелена сега ќе му набави на Новак телефон од постар модел за да не се повтори вакво нешто.

Излезе дека ова не е единствената фотографија од Северина која го привлече вниманието на Новак.

Неодамна му се допадна нејзината објава на 9 март, како и фотографијата на која Севе игра на песокот во минијатурно бикини.

Во сè се истакнуваат оние кои велат дека Ноле е жив човек и дека може да му се допадне што сака.

Но, многумина се прашуваат што има да каже Јелена за сето ова, п го нарекоа палавиот Ноле.

фото:Инстаграм принтскрин/Твитер

To top