Радио Милева вистинска „бура“ меѓу обожавателите

Бизарно однесување на Никол Кидман на доделувањето на Оскарите – сите се прашуваат што и се случило (фото)

Бизарно однесување на Никол Кидман на доделувањето на Оскарите – сите се прашуваат што и се случило (фото)

Бизарното однесување на познатата актерка Никол Кидман не престанува да се коментира и во медиумите и на сите социјални мрежи. Потресните слики предизвикаа вистинска „бура“ меѓу нејзините обожаватели.

Полека се сумираат впечатоците од 95-те гламурозни Оскари кои дефинитивно ги одбележа и Никол Кидман, бидејќи на мрежите сите пишуваат за познатата актерка.

Никој не го коментирааат  нејзиниот стајлинг, кој инаку беше совршен – долг легентен црн фустан кој на идеален начин ја истакна нејзината линија, но се загрижени за нејзиното однесување. Сепак, светската ѕвезда сѐ уште не го коментирала својот настап на церемонијата, каде што била во улога на водителка. Имено, Никол изненади многумина со изразите на лицето, начинот на кој одеше, се поздравуваше со колегите, а особено за време на интервју за ABC кога премногу се приближи до камерата.

Славната убавица не можеше да се воздржи, па на црвениот тепих пред бројните папараци страсно го бакна својот сопруг Кит Урбан, оставајќи ги присутните без зборови. Изгледа како да сакале да покажат и докажат дека и по 17 години брак нивната љубов цвета.

„Дали Никол Кидман е пијана?“ коментираа на Твитер, а  некои додаваа: „Што друго , навистина е пијана“, „Изгледа дека е, погледнете ги сите тие чудни потези“. Скандалите и недоличното однесување на оваа дама не и се непознати, а често предизвикуваат поплава од реакции. Веројатно се сеќавате на необичното „плескање“ кое личеше на се освен на аплауз, како и на многу други сосема необични постапки.

Фото: Принтскрин/Профимедиа/епа-ефе

 

To top