Наташа Беквалац, која сопругот Лука Лазукиќ физички ја нападна кон почетокот на месец април, шокирана е од фактот дека сега поранешниот сопруг сака да ја исфрли на улица и тоа со две малолетни деца.
Лазукиќ ја тужи Наташа и од неа бара 150 илјади евра, кои според неговите наводи ги потрошил во свадбената прослава на Ибица, но и во реновирањето на станот во Белград и имотот во Ченеј.
-Лука покрена тужба против Наташа во која наведе каде се наводно и за што давал пари. Тој бара таа да му врати 150 илјади евра. Наташа не може да верува што доживеа од човекот со кого живееше под ист кров, а на кого пред само три месеци му роди ќерка. Ако тој го добие спорот таа буквално ќе остане на улица, вели изворот за српски Ало и додава:
-Лука отиде толку далеку што во тужбата наброи и најситни нешта на кои трошел пари, па така меѓу останатото, наведе и детали за кујната кои ги купил за новата вила. Не го интересира дали Наташа ги има тие пари кои тој ги бара, туку се надева века ќе добие на суд, завршува изворот.