Пред голем број преставници од македонските медиуми, колеги од естрадата, јавни личности, пријатели, соработници, спонзори… ар ен би дуото „ДНК“ вчеравечер, понеделник 28 мај, го промоираа својот нов „три во едно“ проект.
Видеото за песната „Дијамант“, новиот „Најдоброто од…“ албум и ДВД од концертот одржан минатата година во „Метрополис арена“ и сето тоа по повод нивниот јубилеј – 15 години од постоењето на ДНК.
Промоцијата ја водеше Лила Филиповска, а Андреј и Панчо им изразија благодарност на сите кои придонеле сиве овие години дуото да стане она што е денес, ги претставија „бест оф“ албумот, DVD-то и новиот видеоспот, и посебно им се заблагодарија на верните фанови, кои ги следат од самите почетоци и како публика раснеа со ар ен би двоецот.
Хуманиот гест на Андреј и Панчо, ги разнежни срцата на присутните и на промоцијата и даде благородна нота. Имено, наместо да ги даруваат, како што е вообичаена пракса, тие решија цедињата да ги поделат за финансиски надомест по принципот: да плати кој колку може, а средствата собрани на самата промоција ги донираа за девојчето по име Ања од Штип, на која и претстои сложена операција на трансплатација на срце и рехабилиација по истата.
Секој можеше да земе цеде и да донира колку што сака, за што Ања и лично им се заблагодари на присутните за собраните 48.286 денари, ветувајќи дека ќе биде тука на нивиот концерт по повод 20 години постоење на ДНК.
Посебена благодарност Андреј и Панчо му укажаа на нивниот композитор, проверениот хитмејкер Лазар Цветковски, именувајќи го како „трет член на ДНК“, кој е заслужен за повеќето од нивните хитови.
Инаку, режијата на новиот видеозапис за темата “Дијамант“ ја потпишува Александар Ристовски-Принц, а во него во главните улоги појавуваат кошаркарката и мис фитнес модел Едина Муса, кошаркарот на МЗТ, Џордон заедно со неговата девојка Тифани Росарио, како и познатиот Буцо – Битбокс.
Во живо од промоцијата на новиот албум на ДНК – ‘Best Of’ и нова песна и спот ‘Дијамант’.?
Posted by DNK on Monday, 28 May 2018
Фото: Инстаграм/Фејсбук – принтскрин и Женски магазин