Радио Милева се поблиску до сонот

За неговото име надалеку се слуша: Тетовскиот ексцентричен дизајнер Златко Јовановски ја облече ќерката на Весна Змијанац, а негова креација стигна и до париската модна недела (фото)

За неговото име надалеку се слуша: Тетовскиот ексцентричен дизајнер Златко Јовановски ја облече ќерката на Весна Змијанац, а негова креација стигна и до париската модна недела (фото)

За македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски и неговиот бренд ЈЗЈ слушаме се почесто. Го пишуваат по портали, го канат гостин во емисии, а неговата актуелност покрај авангардните креации кои ги создава, постојано расте.

Златко досега стигнал да креира за многу познати и не толку актуелни имиња од светот на шоу бизнисот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)

Периодов најмногу за него слушавме во „Ѕвездите на Гранд“ кога ја облекуваше битолчанката Марија Груевска за чиј сценски изглед сѐ уште се зборува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)

Златко цели надалеку, а иако успеал своите креации да ги донесе и да бидат видени на важни модни настани и личности, тој своевремено изјави дека сака неговите креации да прошетаат и на париската модена недела.

Тоа деновиве и му се случи делумно, можеби не на писта, но пред насобраните фоторепортери во Париз, и меѓу публиката, да.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)

Имено, на овој голем моден настан каде е комплетниот фокус на модната фела, популарниот модел од Дубаи, Раниа Пугхолм, носеше фустан креиран од Златко.

Снимките се најдоа на неговиот Инстаграм профил каде секако мораше да покаже дека негова креација стигнала дотаму.

Малку по малку, тој е се поблизу да стане познато име во светот на модата, иако некои кај нас сакаат да го наречат дизајнер на кичот. Сепак, на Јовановски тоа воопшто не му пречи, па самиот се нарекува како кралот на светкавото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)

Наодамна, во негова креација на МАC наградите во Србија се појави и ќерката на Весна Змијанаџ, пејачката Николја Јовановиќ .

фото:Инстаграм/Принтскрин/Златко Јовановски

To top