Дека е крајно време да заминете и да направите прошетка на некоја дестинација доказ и доволен мотив е познатата убавица Катарина Ивановска, која веќе објави дека доаѓа крајот на волшебствата што ги нуди зимата.
Познато е дека македонскиот топ модел заедно со децата и пријателите годинава често ги посетуваше ски – центрите за да одмара, ужива, но и за да дише почист и незагаден воздух.
Таа годинава најпрво престојуваше со нејзината пријателка, пејачката Тамара Тодевска заедно со децата во Маврово за да уживаат во зимските лудории, но и во природните македонски убавини, затоа што тогаш снегот сѐ уште не беше доволно добар за скијање.
Катарина потоа повторно отпатува на зимување но, на една од најпосетуваните планини во Србија, Копаоник. Таму таа уживаше во снежната убавина која владееше на убавото место, а тогаш сподели и се пофали на нејзините фанови како го поминува времето.
Таа обожава да патува, а секој слободен момент го користи за дружба со пријателите како на далечните дестинации така и во Македонија. Но како сѐ и тоа има крај па, така и периодот за скијање на планина за 2023 полека привршува.
Додека, манекенката која редовно објавуваше нови моменти од нејзиното уживање на снегот на социјалните мрежи, овој пат позираше и со тоа ја затвори зимската ски сезона за оваа година.
Таа и овој пат ја откри локацијата на која престојува, а со камерата го долови амбиентот кој владее во моментов за да ги инспирира нејзините следбеници да го направат истото за крај на сезоната.
Имено манекенката моментално престојува на Попова Шапка каде ужива во зимската магија, па фотографираше дел од убавите моментите кои со задоволство ги сподели со нејзините обожаватели на „Инстаграм“.
За Катарина заврши сезоната за скијање и забава на снегот но, секако таа обожава да патува па во скоро време очекуваме повторно да не изненади со некое пролетно патување.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Катарина Ивановска