Атрактивната ријалити ѕвезда Александра Николиќ која е и поранешна девојка на убиениот скопски наркобос Јетон Кривањева викан Жила, речиси си го има сменето личниот опис.
Откако влегла во реалното шоу „Задруга“ и заработила некое евро, направила целосен телесен ремонт, пишуваат српските медиуми.
Таа додека била во врска со Жила, живеела во Скопје и работела како хостеса во еден ноќен клуб, (иако српските портали тврдат дека била танчарка), била сосема природна и без ниту една пластична операција на себе.
Според фотографииите кои ги има објавено на нејзиниот Инстаграм профил во 2020 година од Скопје, Алекс имала темно-костенлива коса и без ниту една корекција на лицето или телото.
Во тоа време, како што пишуваат медиумите била во врска со наркобосот Жила кој по година и половина ја претепал и ја испратил дома во Белград.
По ова, на нејзиниот профил може да се забележи трансформација која ја направила на себе.
Прво, станала русокоса, а потоа ги истетовирала веѓите, ги средила забите, но и ги зголемила усните.
На крајот таа за да го заборави бурното и турбулентно минато од дотогаш омилените македонски градови, Скопје и Охрид, како и од поранешното момче кое и се заканило дека ќе објави и домашно видео со експлицитни сцени од неа, ги зголемила градите.
Фото: Инстаграм принтскрин/alex_mima