Старлетата и поранешна учесничка на реалното шоу „Големиот брат“, Сораја Вучелиќ пред неколку дена се породи и роди момче.
Сораја долго време ја криеше бременоста од јавноста, а по породувањето на својот Инстаграм објави фотографии од периодот кога беше во блажена состојба.
Иако неодамна се породи, Сораја синоќа беше на настапот на Ана Николиќ во еден клуб во Загреб.
Вучелиќ излегла и се забавувала со другарките во доцните часови, а на својатаИнстаграм приказна објави неколку видеа од забавата на кои покажа мрежести чорапи, како и шампањ што го пие.
Таа неодамна објави и фотографија на која се сликала во црвен фустан и на своите следбеници им покажа како изгледа по породувањето, а јасно е дека килограмите исчезнале, па многумина коментираа дека изгледа како никогаш да не се породила.
Инаку, Сораја на Инстаграм се пофали дека од партнерот за 8 март добила скап автомобил кој вреди дури 270.000 евра.
Фото: принтскрин/Инстаграм