Радио Милева животен сон...

Тајзи на „Камп Ноу“ си посака желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ (ФОТО)

Тајзи на „Камп Ноу“ си посака желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ (ФОТО)

Македонскиот (т)рапер Драги Величковски попознат под уметничкиот прекар Тајзи  е хиперактивен и тоа во секој поглед. Со други зборови, популарниот кумановец не седи мирен ни минута, туку постојано нешто работи, некаде оди, настапува, патува…

Покрај хиперпродукцијата од песни, која се огледа во тоа што речиси секој месец излегува нова песна од неговата креативна работилница, како оваа последната „Легализирај“  (Legalize),  која излезе деновиве, Тајзи не застанува ниту со настапите.

Во меѓувреме меѓу две влегувања во студио или две качувања на сцената на некој ноќен клуб или дискотека, кумановскиот уметник реши малку да ја смени работната навика со шетачка и да се престори од артист во турист.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

Тајзи го спакува куферот, седна во авион и правец – Шпанија, да го види најубавиот град и неговиот прочуен стадион. Барселона е сон на секој од нас, особено ако си уметничка душа како Тајзи, зашто и самиот град дише со уметност. Од прекрасните градби на Антони Гауди, музеите за модерна уметност до гастрономската уметност во прекрасните ресторани покрај златното крајбрежје.

И секако, уметниците со „бубамарата“ во играта која важи за „најважната споредна работа на светот“, а нив во еден од најпознатите светски клубови отсекогаш ги имало. Барса ги прославила, а и тие неа… И латино-американските волшебници со топката како Марадона, Роналдињо или Меси и европските фудбалски кралеви како Кројф, Фиго, Ибрахимовиќ и нејзините деца како Чави, Иниеста, Пујол, Пике… А, нејзиниот легендарен дом, стадионот „Камп Ноу“ секогаш исполнет „до крај“ со една од најверните публики на светот.

Токму затоа, Тајзи откако пристигна во Барселона и ги смести куферите во хотелската соба, веднаш побрза да стигне на посакуваната дестинација – викенд натпреварот на Барселона на „Камп Ноу“.

Таму во дресот на Барса и неговото име име испишано на грбот, Тајзи се најде среде  речиси стоилјадната публика. Ако не како единствениот Македонец на стадионот, тогаш сигурно како единствениот со развеано македонско знаме преку себе… И тоа она – вистинското, со 16 – кракото сонце од Кутлеш!

„Една земја, еден клуб, една љубов…“ – како што тоаа најчесто го велат најверните навивачи. А Тајзи покрај сето тоа на „Камп Ноу“ си посака и една желба:

„Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ – порача распеаниот Македонец од срцето на главниот град на Каталонија, преубавата Барселона, замислувајќи го денот кога токму тој ќе го наполни на свој концерт велелепниот „Камп Ноу“.

Дај Боже животниот сон во вид на посаканата желба да му се оствари, му посакуваме и ние!

To top