Аферата „Проверено“ со месеци го тресе регионот, а пејачките Ана Николиќ и Милица Павловиќ ја поделија јавноста.
Милица Павловиќ тврдеше дека песната „Проверено“ скапо ја платила, додека Ана Николиќ изјави дека таа прва ја отпеала. Додека пак, на настапите Николиќ продолжи да ја пее песната во верзијата што ја пееше само таа.
Сега таа откри што точно ја предизвикало конфузијата:
-Можев да го прекинам целиот тој циркус за една секунда, ако сакав. Не сакав, бидејќи тоа не беше на мене, туку на човекот кој е автор на таа песна. Песната е уредно платена и подготвена за уште еден проект, се работи за фирма од Швајцарија која работеше на проектот „Клиника“. Имаше песна која Елма ја пее сега, само малку е сменет текстот. Авторот на песната мораше тоа да и го објасни на госпоѓицата Милица и во тој момент да ми се јави и да ме праша дали може да ја продаде песната, бидејќи можеби сакав да ја снимам! Требаше да го направи тоа, а не веднаш да ја продаде и да каже дека јас ја украдов песната. Можев да го решам тоа со мојот извршен продуцент и соработник, но не сакав, дозволив да видам до каде оди човечката глупост. Песната е моја и јас тоа го знам, а Милица слободно може да ја интерпретира. Секој може да ја пее, но моја е, рече Николиќ и додаде:
-Да се разбереме, таа не е лоша, не мислам на ништо лошо на крајот на краиштата, мислам дека само и даваат лоши совети. Млада е, ја водат погрешни луѓе, ситуации… Ќе се сретнеме ние две кога тогаш, ќе разговараме. Препишувам се на нејзината младост и непромисленост, заклучила Ана.
Фото: Принтскрин/Д.Дервишагиќ /Н.Николиќ