Мегафон

„Бистра вода“ прва домашна серија на новата платформа за македонска продукција „Кинемое“

„Бистра вода“ прва домашна серија на новата платформа за македонска продукција „Кинемое“

Првичните реакции за македонската серија „Бистра вода“ се позитивни и оние кои ја погледнале првата епизода, со нетрпение ги очекуваат останатите 17. Ова беше кажано на денешната прес-конференција во Скопје, на која беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“.

Продуцентот, сценарист и режисер Јани Бојаџи изјави дека би сакал во земјава да не се зборува само за политика и проблеми, тука за македонски серии, филмови и слично, нагласувајќи дека проектот „Кинемое“ треба да биде поттик за нови медиумски можности.

– Светот ги има „Нетфликс“, „Хулу“, „Амазон“… Ние не смееме да изостануваме. Македонија е дел од светот. „Кинемое“ е платформа со амбиција да биде македонскиот „Нетфликс“, да биде само за македонски документарци, подкасти, серии и така натаму. Нема да биде лесно, но сакаме ова да го истераме до крај, истакна Бојаџи.

Тој најави и нови проекти, а меѓу нив и „ситком“ серија во американски стил, во која, како што најави, ќе играат и актери добро познати на јавноста.

Еден од глумците во „Бистра вода“, Зоран Љутков посочи оти бил изненаден од младите актери во серијата, за кои смета дека ги очекува блескава кариера.

-Не очекував да изгледа така како што изгледаше, затоа што претпоставував дека тоа ќе биде проекција која што е направена посебно за екипата и одредени пријатели и помагатели на серијата и видов дека всушност се појавија голем број на луѓе кои беа со големи очекувања затоа што многу малку вакви работи ни се случуваат, рече актерот.

Љутков истакна дека како актер многу често го трга погледот каде што е дел, затоа што не можел да биде објективен за одредениот производ и многу поважна му била важна реакцијата на публиката.

-имаше доста луѓе кои беа растревожени од тоа што го видоа, доста луѓе кои што биле вознемирени, имаше многу позитивни реакции во однос на тоа дека всушност една епизода изгледа како еден долгометражен филм. Очекувањата се дека ќе се гледаат 18 филмови на телевизија Алфа, рече Љутков.

Ко-продуцент и извршен продуцент на серијата е Дејан Милошевски, според кога осумнаесетте епизоди на „Бистра вода“ се како 18 филмови.

-Во првите моменти проектот беше обемен и како да се работи на 12, 13 долгометражни филмови што ни створи еден напор што верувавме дека ќе успееме, бидејќи самиот проект во прво време финансиски беше само со мал удел. Тој принцип на работа, каде можете да работите, а немате доволно средства, направи да биде еден човек за повеќе сектори, што во целина да не беше тој тим немаше да се дојде денес до премиера на серијата, вели Милошевски.

Заклучи дека сите се задоволни од екипата.

Прв асистент на режијата е Никола Поповски кој вели дека вчера се случила жетвата на она што го посеале пред една година.

-Јас скоро цела година 24/7 живеев со серијата, а кога првпат се сретнав со идејата да се сними ова почувствував мотив да придонесам најдобро што можам, најмногу што знам за од кај нас да отпочне индустриско производство на играни серии и филмови, бидејќи ние имаме голем проблем бидејќи немаме развиено играна индустрија во телевизиите, па и во независните продукции, вели тој.

Од 5 март, „Бистра вода“ ќе се емитува на телевизија, како и на платформата „Кинемое“.

извор:курир.мк

To top