Теодора Џехверовиќ ужива популарност, а нејзината работа особено ја обожаваат помладите генерации.
Пејачката ја освои публиката со своите песни, но и со својот атрактивен изглед. Теодора овој пат позираше во пустина, облечена во тесен црвен фустан кој ги истакна нејзините облини.
Таа ги сподели фотографиите на својот Инстаграм профил и го покажа ова ново предизвикувачко издание.
„Да беше ти тука за мене“,, напиша Џехверовиќ во описот на фотографијата, а многумина се прашуваа кому се упатени овие зборови.
Додека пак пофалните коментари за нејзиниот изглед постојано се редеа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теодора Џехверовиќ