Откако големата прашина која се крена по интервјуто на најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас, малку слегна, по што стана јасно дека некој го искористи случајорт „од мува да направи слон“ за лична употреба и дефокус на јавноста од неспосoбната власт и нејзините секојдневни домашни и надворешни катастрофи, Лазаров повторно си ја продолжи својата Јутјуб приказна.
Имено, јутјуберот откако објасни дека не е забранет, како што некои препораките на обвинителството ги протолкуваа декa се наредби, истото тоа го покажа и потврди со нова епизода од неговото подкаст шоу. Следен за муеабет беше македонската музичка легенда, саксофонистот Ферус Мустафов, по што самиот Лазаров реши да ги отвори и своите Инстаграм приказни за прашања.
Секако, неговите следбеници беа најљубопитни да дознаат што, зашто, кој, кого, кога и дали… И уште сто и едно прашање на кое Лазаров трпеиво им возврати со своите одговори.
Некои од најинтересните одвоивме за вас, па еве што им одговори јутјуберот на она што неговите следбеници, но и сите други ги интересираше:
- Дали си добар – најпрвин го прашаа следбениците?
- Дали си свесен колку бориме за тебе?
- Дали во петок ќе има поткаст и кој ќе биде гостин?
- Што те мотивираше да почнеш со Јутјуб?
- Какво е чувството кога себеси се гледаш на сте медиуми?
- Никој од познатите не те поддржа, а некои те нападнаа, што ќе кажеш?
- Мандар те поддржа јавно. Коментар?
- Кога нова песна?
Фото: Инстаграм + принтскрин/_lazarovv