Вчеравечер, 1 март 2023 македонската музичко брачна двојка Дорјана Бојановска Поповска и Зоран Поповски после долго време одржаа настап и во македонската престолнина.
Природни, едноставни и оригинални, задржувајќи го нивниот препознатлив стил после подолг период се претставија и пред македонската публика.
На нивниот официјален Инстаграм профил тие нагласија дека доаѓаат во Скопје на кратко, па со многу љубов и со ќејф одлучија да направат одлична забава со пријатна атмосфера.
„Драги другари, поминаа 5 и кусур години од кога сме просвиреле во родниот ни град. Па бидејќи доаѓаме во наше Скопјенце на кратко, решивме да просвириме за ќејф и наши луѓе, да се видиме и гушнеме сите на куп“ – стоеше во најавата на споменатата социјална мрежа.
Инаку, Дора и Зоки живеат во убавата Будимпешта, а патуваат и настапуваат на повеќе места низ светот но, како родното место нигде не е, а доказ за тоа беше синоќешниот настап каде пееја со многу љубов.
Музичкиот бенд насловен како Some PPL кој што е популарен надвор од границите на Македонија редовно настапуваат во познатиот атрактивен ноќен клуб „Симпла Керт“ – култно место во срцето на Унгарија кое нуди за секого по нешто и е место задолжително за посета. Клубот се наоѓа на улицата Казинци позната како Улица Култура каде што се одржуваат повеќето уметнички настани.
– Оваа пролет ќе бидат веќе пет години како редовно свириме во „Szimpla“ под името Some PPL (сам пипл) – изјави Дора ексклузивно за порталот Вистина.ком.мк
Дека музичката двојка Дора Бојановска и Зоки Поповски таму живеат исполнет живот е повеќе од сигурно со низа музички ангажмани, каде редовно свират и на тамошните поголеми настани, а се дел и од новогодишните ангажмани каде настапуваат пред огромната публика која се собира од цел свет за ја почувстуваат магичната атмосфера која што се случува на плоштадот пред позната Базилика Свети Стефан.
Тие посветено работат на нивниот музички авторски проект PCTRS, а на линкот подолу можете да ги слушнете и нивните авторски песни:
Како и да го погледнете спотот за песната „Velvet Clouds“ прикачен на познатиот Јутјуб канал (КЛИКНИ ТУКА).
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Some PPL