Поранешниот шпански фудбалер и поп-ѕвездата Шакира во јуни минатата година го објавија крајот на својата 12-годишна врска во која ги добија синовите Милан (10) и Саша (8).
Па, откако Жерар Пике (36) конечно ја потврди врската со Клара Чиа Марти (23), колумбиската пејачка Шакира (46) го прекина молчењето и на мексиканскиот новинар Енрике Асевед искрено му кажала што мисли за неговата нова љубов.
„Раскинувањето беше очајно и болно, но од него излегов посилна и помоќна… Конечно се чувствувам самостојно и самата на себеси доволна. Претходно ја прифатив приказната дека на жена ѝ треба маж, но сфатив дека може да биде и поразлично, повеќе емоционално не зависам од никого и тоа што го правам не треба да го правдам пред никого, освен пред самата себе“, изјавила Шакира.
Музичката ѕвезда во продолжението на разговорот испратила и индиректна порака до новата девојка на Пике.
„Постои место во пеколот резервирано за жените кои не ги поддржуваат другите жени. Го имав тој сон за семејство во кое децата ќе имаат мајка и татко под ист кров. Очигледно невозможно е да ни се остварат сите соништа, но животот сепак наоѓа начин сè да надомести и мислам дека тоа ми се случи и мене затоа што имам прекрасни деца кои секој ден ме исполнуваат со љубов“, заклучила пејачката.
Фото: Принтскрин/Танјунг/Профимедиа/Инстаграм