Радио Милева патот до среќата

Поранешната задругарка не престанува да ја интригира јавноста: „Отварам Онли Фанс за да купам стан за себе и за ќерка ми“ (фото)

Поранешната задругарка не престанува да ја интригира јавноста: „Отварам Онли Фанс за да купам стан за себе и за ќерка ми“ (фото)

Поранешната задруга Викторија Вики Митровиќ привлече големо внимание во јавноста за време на учеството во реалното шоу „Задруга“, каде ја раскажа својата тешка животна приказна.

„На 12 години ме силуваше селскиот поп, човекот е уште во затвор, се трудам да го заборавам, но ќе го паметам додека сум жив. Верувам во Господ, но до минатата година не сакав да се крстам“. Свештеникот ќе се напиеше и напаѓаше жени. Ми се случи токму во црквата, после тоа повторно ме нападна, бидејќи не пријавив веднаш. Тој тогаш имаше 58, а јас 12. По два дена и кажав на тетка ми, бидејќи не можев повеќе да издржам. И се доверив,  а таа веднаш отиде и пријави. Полицијата дојде во училиштето, па дадов изјава“ – тврдеше таа во шокантната исповед.

Викторија во Белата куќа започна бурна врска со Марко Осмакчиќ со кој забремени во реалното шоу и кој ја принуди да ја прекине бременоста. Сепак, после тоа и сите физички пресметки таа ја продолжи врската со Осмакчиќ, но тоа не траеше долго.

Викторија ја поврзуваа и со проституција, што и самата го признала во „Задруга“. Исто така, во една своја исповед таа проговори и за тешкото детство.

„Мајка ми ме остави за друг маж со кој е и до ден денес, не можам да кажам дека се срамам од неа, иако, треба да се срамам. Татко ми ме малтретираше и злоставуваше, затоа и се омажив толку рано“ – изјавила Викторија која останала бремена како малолетна и родила ќерка.

Таа сега изјави дека решила да почне да заработува од „Онли Фанс“ со експлицитни фотографии, а главна причина за тоа е дека сака да купи стан за себе и за својата ќерка. Таа признала и дека е во емотивна врска со познат фудбалер, но не сакала да го открие неговиот идентитет иако признава дека во прашање е Бразилец кој игра за Барселона.

 

„Вечерва отворам „Онли Фанс“. Сакам да купам стан за себе и за ќерка ми. Имам ново момче, тој игра во Барселона, но не можам да кажам кој е. Среќна сум и вљубена“, вели поранешната задругарка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Вики Митровиќ

To top