Радио Милева осамен и напуштен...

Почна најстариот брат на Мадона: Ентони Чиконе бил алкохоличар кој долго живеел на улиците на Мичиген, откако семејството го напуштило

Почна најстариот брат на Мадона: Ентони Чиконе бил алкохоличар кој долго живеел на улиците на Мичиген, откако семејството го напуштило

Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст, пишува Дејли Мејл и наведува дека тој и сестрата на познатата пејачка со години живееле на улиците на Мичиген, борејќи се со алкохолизмот.

Сопругот на сестрата на Мадона, Мелани Чиконе, музичарот Џо Хенри, вчера на Инстаграм ја објави следнава изјава:

„Мојот шура Ентони Џерард Чиконе почина минатата вечер. Го познавам од мојата 15-та година, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген“.

Џо Хенри спомна дека многу го сака Ентони и го разбира подобро од кој било, повеќе отколку што понекогаш сакаше да признае, пишува extratv.com.

Тој нагласи дека Ентони сега е со својата мајка, која ја загуби битката со ракот во 1963 година на 33-годишна возраст. Ентони имаше долга борба со алкохолизмот, што беше јавно документирано кога пред повеќе од 10 години беше објавено дека живее под еден мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага.

Во 2017 година „Дејли мејл“ напиша дека Ентони успешно завршил еден вид програма за рехабилитација и се вратил дома кај своето семејство.

Братот на Мадона бил во судир со законот, а во 2013 година бил повреден откако дал отпор при апсењето во јавен тоалет.

Ентони Чиконе јавно ја обвини својата сестра Мадона и другите членови на семејството дека го напуштиле.

Фото: Rob Latour / Shutterstock Editorial / Profimedia/joehenrymusic

To top