Информацијата дека принцот Хари и неговата сопруга чекаат уште едно дете, а Меган Маркл е бремена по трет пат, ја преплави светската јавност.
Како што пренесуваат некои медиуми, оваа убава вест ќе ја споделат дури кога војвотката од Сасекс ќе влезе во вториот триместар.
Парот веќе има две деца, синот Арчи и ќерката Лилибет, а според „Thenews“, иако трето дете не било дел од нивниот план, биле многу среќни кога ја дознале веста.
View this post on Instagram
Ист е случајот со многумина кои ги обожаваат и поддржуваат, а бидејќи ниту еден од членовите на семејството се уште не проговорил на оваа тема, сите со нетрпение чекаат Меган Маркл да ја потврди оваа се уште неофицијална информација.
– Кога видоа дека тестот е позитивен, Меган и Хари беа во неверување – вели неименуван извор, цитиран од „Пакобсервер“.
фото:Getty Images/Instagram