Радио Милева од џакузи на тераса до спа центар

Погледнете ја вилата на Харис Џиновиќ: Изнесува два милиони евра, а во неа нема што нема (фото)

Погледнете ја вилата на Харис Џиновиќ: Изнесува два милиони евра, а во неа нема што нема  (фото)

Харис Џиновиќ ја изградил својата семејна оаза во луксузен дел на Белград, а еве што сѐпоседува.

Џиновиќ пред неколку години официјално се всели во луксузна вила во Сењак, која ја градеше за себе и за своето семејство од 2017 година.

Се пишуваше дека во својот нов дом вложил вртоглави два милиони евра, додека работите траеле многу долго бидејќи постојано ги менувал плановите. Како што кажа и самиот пејач, веќе изградените ѕидови се уриваа за се да се вклопи во неговата визија за идеален дом. Куќата е околу 930 метри квадратни, а неговата ќерка Џина еднаш покажа некои делови.

Харис не штедел за уредување на неговиот дом, а само за џакузито на пространата тераса потроши дури 7.000 евра. Пејачот наводно не сакал да ја пропушти можноста, кога веќе градел вила по своја желба, да нема свое студио како многу музичари. Како голем познавач на музичките ноти и вешт музичар, тоа беше почетниот услов кога се правеше проектот за куќата.

„Бидејќи вилата има повеќе од 930 квадратни метри, сосема беше извесно дека ќе има простор и за неговото студио. Најверојатно ќе биде на вториот кат со сета потребна звучна изолација за да не го наруши мирот во куќата со пеење. Вратите на неговото студио ќе бидат отворени и за неговите колеги. Опремата доаѓа од музички компании кои ги опремуваат најдобрите светски студија“, изјави тогаш изворот.

„Голема дневна соба, бројни соби, ходници и детски соби, опремени според желбите на Џина и Кан, ќе бидат само дел од она што ќе го сочинува овој дом, кој Харис реши да си го дозволи по многу години на сцената. Куќата има и теретана, сала за бал, спа“, рекол тогаш изворот.

Фото: Принтскрин/Папарацо Лов/Никола Анџиќ/Милан Илиќ

To top