Пејачката Тина Ивановиќ (49) го родила синот Данијел како малолетна, на само 16 години.
Тогаш поминувала низ агонија бидејќи цели 10 години не можела да го види наследникот, бидејќи во тоа ја спречил поранешниот сопруг.
– Само јас знам колку ми беше тешко во тој период. Многу страдав. Кога требаше да се видам со моето дете, мојот поранешен сопруг и неговото семејство не ми го дозволија тоа. Никогаш не се откажав од него. Па, која мајка не би сакала да биде со своето дете. Не можам да ви кажам колку пати отидов со автомобил до куќата во која живееше и го чекав – рекла своевремено Тина. Таа потоа се присети на тешкиот период и средбата во 2005 година.
– Успеав да го видам еднаш, додека возеше велосипед. Не знам дали се сеќава на тоа, бидејќи беше многу мал, имаше четири години. Му пријдов и му реков дека сум му мајка и му дадов пари. Забележав дека е збунет и постојано гледаше во портата на куќата во која живееше. Две години по разводот отидов на работа во Германија и редовно испраќав алиментација. Така беше до 2005 година, кога конечно се запознавме – открила Тина во шокантната исповед.
Фото: Принтскрин/Папарацо лов/Инстаграм