Мегафон

25 години јубилеј: „Елементал“ во МКЦ

25 години јубилеј: „Елементал“ во МКЦ
Како еден од најуспешните бендови на #Балканот, по 25 години постоење, 8 албуми, 40 музички спотови и 60 милиони прегледи на Јутјуб, со 120.000 следбеници на социјалните мрежи и речиси 1.000 настапи во живо, време е #Елементал да слави толку долга кариера како бенд со турнеја по сите поголеми градови низ поранешната држава, а на мапата е и #Скопје.
Да потсетиме, Елементал во 2016 година го одбележа своето полнолетство со турнеја и голем концерт во Дом спортова во Загреб, 20-та година ја прослави со објавувањето на биографијата „Све, само не романтика!“ , напишана од Марко Подруг.
Откако започнаа како трио во 1998 година, Елементал прерасна во полнокрвен седумчлен бенд со еклектични настапи во живо. Последниот студиски албум „Илица“ излезе исклучиво дигитално, а бендот наскоро најавува нови песни. Елементал редовно настапува на музички фестивали низ регионот и е еден од најбараните концертни бендови, а со славеничката голема турнеја низ Балканот уште еднаш ќе докажат дека песните како „Голи и боси“, „Проклета љубав“ , „Бољи си“, „Малена“, „Зашто те имам“, „Из дана у дан“ не беа лесно наградени со музички статуи.
Уште една дата за додавање во календар: 18 март – сабота,  21:00 часот, сала 25 мај МКЦ
Билети  на билетарница МКЦ или на bileti.mkc.mk, на врата цена на билетот ќе биде поскапа.
To top